Работнички се жали на судењето, прашуваат на кого му смета клубот

КК Работнички изрази сериозен револт и незадоволство по последните случувања на натпреварите од домашното првенство, и преку обраќање до јавноста упатија прашање „на кому му пречи Работнички“.

Прегледи:

Датум:

КК Работнички изрази сериозен револт и незадоволство по последните случувања на натпреварите од домашното првенство, и преку обраќање до јавноста упатија прашање „на кому му пречи Работнички“.

„Нашиот клуб уште еднаш се почувствува директно оштетен од судиските одлуки, кои во повеќе наврати беа на наша штета и влијаеја врз текот и исходот на натпреварот. Особено сме разочарани од арбитражата на судијата Александар Давидов чии одлуки предизвикаа голем револт кај играчите, стручниот штаб и кај нашите навивачи.

Работнички како клуб со богата традиција и огромен придонес во македонската кошарка не може и нема да молчи кога повторно е оштетен од судиските критериуми. Поради тоа јавно порачуваме дека не сакаме судијата Александар Давидов повторно да биде делегиран на натпревари на нашиот клуб, бидејќи довербата во неговата објективност е сериозно нарушена.

Поради неговата арбитража на дуелот со Феникс, бараме санкции за Давидов од страна на КФМ бидејќи само така може да се стави крај на неправдите и да се заштити интегритетот на натпреварувањето.

КК Работнички се надева дека надлежните органи во КФМ сериозно ќе ги разгледаат овие случувања, со цел во иднина да се спречат вакви ситуации и да се обезбеди фер и рамноправно судење за сите клубови“, порачаа оттаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...