🎬Реал го победи Хапоел по драматична завршница

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид го победи Хапоел во првиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата со 86:82. Иако тимот од Мадрид водеше речиси целиот натпревар, Хапоел направи вистинска драма од никаде на самиот крај, но без успех или пресврт.

Реал го предводеше Факундо Кампацо со 21 поен и четири скока, Треј Лајлс постигна 13 поени со шест скока, а Марио Хезоња 11 поени со пет асистенции, четири скока и три украдени топки.

За израелскиот тим, Антонио Блејкни постигна 25 поени, Даниел Отуру имаше 20 поени, а српскиот кошаркар Василије Мициќ го заврши натпреварот со 15 поени и седум скока.

Реваншот ќе се игра повторно во Мадрид во петок навечер, а третиот е закажан за 5 мај, кога Хапоел ќе биде домаќин.

Натпреварот беше обележан со повреда на центарот на Реал Мадрид, Еди Таварес, како и со исклучувањето на тренерот на Хапоел, Димитрис Итудис, на почетокот од последната четвртина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...