Репрезентативецот Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски (26 години, 190 см) е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром

Прегледи:

Датум:

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски (26 години, 190 см) е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром.

За него ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер.

Станува збор за веќе искусен бек-шутер, стандарден македонски репрезентативец и кошаркар кој сè повеќе се наметнува како еден од лидерите на новата, подмладена национална селекција.

„Со доаѓањето на Лука Стојановски ги отвораме активностите околу создавањето на тимот за новата сезона, во која нè очекуваат големи предизвици на три фронта – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига“, стои во соопштението на „металците“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...