Секулиќ и официјално нов тренер на Барселона

Кошаркарскиот клуб Барселона официјално го потврди назначувањето на Александар Секулиќ за нов главен тренер. Искусниот 48-годишен словенечки тренер потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Барселона официјално го потврди назначувањето на Александар Секулиќ за нов главен тренер. Искусниот 48-годишен словенечки тренер потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант.

Секулиќ пристигнува во Барселона по успешната епизода во Дубаи, која ја предводеше до титулата во шампионатот на АБА лигата минатата сезона. Сезоната 2025/26 ја започна на клупата на Зенит од Санкт Петербург, но соработката со рускиот клуб заврши во јануари.

Тој го наследи Чави Пасквал на клупата на Барселона, кој претходно го презеде Дубаи по заминувањето на Секулиќ.

Словенецот ја започна својата тренерска кариера како асистент во Геоплин Слован од Љубљана на само 22 години, а по три сезони стана главен тренер на тој клуб.

Во текот на својата кариера, тој ги водеше и Триглав Крањ, Лука Копер, Крка од Ново Место, ЛТХ Кастингс Шкофја Лока и Приморска, пред да се пресели во чешкиот ЦЕЗ Нимбурк во 2018 година како помошник тренер. Од 2021 година, тој ја презеде улогата на главен тренер на тој клуб.

По неговиот престој во Нимбурк, тој ја водеше Локомотива Кубањ од Краснодар, а потоа и Зенит, пред да го преземе Дубаи.

Со Крка, тој ја освои титулата во словенечкото првенство во 2012 година, додека со Нимбурк стигна до шампионскиот трофеј во Чешка во 2022 година.

Секулиќ е и главен тренер на словенечката репрезентација од 2020 година. Пред тоа, тој беше помошник тренер на Игор Кокошков во тренерскиот штаб што ѝ ја донесе на Словенија историската титула во Европското првенство во 2017 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Први тензии меѓу Мурињо и Перез во Реал?

Средниот ред на Реал Мадрид е проблематичен дел од...

Ниеден НБА клуб не е заинтересиран за Расел Вестбрук

Иако првично се сметаше дека Расел Вестбрук би можел...

Пренга: Ентони Џошуа не е најдобар во тешка категорија

Албанскиот боксер Кристијан Пренга е уверен дека може да...

Аргентина се соочува со голем предизвик: Иднината на Меси и Скалони е неизвесна

Аргентина остана без шанса да ја одбрани титулата на...