Додека во Евролигата трае борбата за плеј-офот и плеј-инот, домашните натпреварувања мора да се играат. Така Реал Мадрид, Валенсија и Барселона постигнаа релативно лесни победи во шпанското првенство.
Мадрид беше подобар од Андора (97:90), Валенсија од Бреоган (105:88), а Барса ја победи Сарагоса (92:86).
Најинтересно беше по натпреварот во Мадрид, бидејќи Серхио Скариоло зборуваше за Марио Хезоња и неговиот статус во клубот.
Неодамна, агентот на хрватскиот ас, Мишко Ражнатовиќ, изјави дека тој има клаузула за трансфер во НБА лигата и не е исклучено повторно да се обиде „преку барата“.
„Сите овде се професионалци. Марио има опција за НБА ова лето и сите сме свесни за тоа. Тој игра добро оваа сезона, па не знам каква одлука ќе донесе. Во моментов сме фокусирани на сегашноста. Клубот работи, секако, преку целата година, но на лето градиме тим, па тоа е навистина прашање за клубот“, изјави Скариоло на темата.
Скариоло не ја пропушти можноста да ја критикува лигата за тоа што не им помага на тимовите во Евролигата.
„Ќе има натпревари во кои ќе мора да замижиме пред некои работи, бидејќи тука лигата не им помага на тимовите во плејофот на Евролигата. Во други земји прават паузи или малку го прилагодуваат распоредот. Во тој момент ќе мора да донесеме уште подрастични одлуки, затоа е важно да ја одржиме оваа предност и да ја насочиме нашата сила кон Евролигата“, изјави познатиот тренер.
Тој продолжи со ист тон: „Со сето тоа, имаме доволно енергија за да се натпреваруваме на гостински терен во Евролигата. Што се однесува до перформансите, треба да се каже дека само површни аналитичари би можеле да мислат дека секогаш мора да победуваме. Андора никогаш не престана да се бори. Тие се совршен тим да ни ги комплицираат работите и никогаш да не се откажат. Ова беше прилично опасен натпревар, како и во некои други ситуации, бидејќи ризикот од пораз станува сериозен проблем поради судирот во распоредот и многу тешките натпревари во Евролигата“.


