📽️Швајцарецот Фрањо го освои првиот златен медал на ЗОИ 2026

Првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Кортина, Италија, го освои швајцарскиот скијач Фрањо фон Алмен. Тој го заврши спустот за време од 1:51,61 минути, што беше доволно за злато

0
7

Првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Кортина, Италија, го освои швајцарскиот скијач Фрањо фон Алмен. Тој го заврши спустот за време од 1:51,61 минути, што беше доволно за злато.

Со овој триумф, фон Алмен ја потврди својата одлична форма. Пред шест дена, тој славеше и во Кран Монтана на последната трка од Светскиот куп пред Зимските олимписки игри, и ги обедини титулите светски шампион и олимписки победник во спуст бидејќи минатата година го освои светското злато во Залбах.

Втор беше Џовани Франкони од Италија со 1:51,81, додека трет беше неговиот сонародник Доминик Парис со време од 1:51,11.

Патеката на која Фрањо славеше денес се наоѓа во Бормио и меѓу љубителите на скијањето го има злокобното име „јамата на смртта“, поради неколку страшни работи од минатото.

Фон Алман беше фаворит на трката, откако го освои и златниот медал на Светското првенство во 2025 година.