НБА „на нозе“ – Антетокумпо стана ко-сопственик на компанија која работи на пазарот на предвидувања и обложување

Прегледи:

Датум:

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговите перформанси на теренот. По денови шпекулации за неговата иднина во Милвоки и евентуален трансфер, беше објавено дека грчкиот репрезентативец станал ко-сопственик на компанијата „Калши“.

„Калши“ е онлајн платформа која работи на пазарот на предвидувања и обложување.

Веста предизвика бурна реакција кај љубителите на кошарката, пред сè затоа што поголемиот дел од содржината на таа платформа се однесува на спортски настани – се проценува на околу 90 проценти. Критичарите веднаш посочија потенцијален конфликт на интереси, сметајќи дека активен НБА играч не треба да има финансиски удел во бизнис кој се потпира на спортски резултати.

Особено внимание привлече фактот дека „Калши“ нуди многу поширок спектар на опции од вообичаеното обложување на резултати или индивидуални перформанси. Меѓу нив е и можноста за заработка од предвидувања за тоа дали Антетокумпо ќе го промени клубот или ќе остане во Милвоки – што дополнително поттикна контроверзност.

Платформата се обиде да ја разјасни ситуацијата и да ја смири јавноста.

„Како активен партнер во НБА, на Антетокумпо ќе му биде забрането да се занимава со прашања што влијаат на НБА, бидејќи Калши има строги услови за ангажирање што забрануваат тргување со инсајдер и манипулација со пазарот.“

Иако Антетокумпо е првиот кошаркар што директно инвестира во оваа компанија, извршниот директор Џек Сач откри дека Кевин Дурант има слична врска со фирмата – но индиректно, преку неговиот агент Рич Клајман и инвестицискиот фонд „35V“.

Фото: Х/Принтскрин/НБА

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Несреќа за Гаштаров: Македонскиот репрезентативец си постигна автогол и клекна во шок

Младиот играч на Црвена Звезда Белград, Матеј Гаштаров (19),...

Куртоа пред „Ел Класико“: Се надевам дека судиските грешки нема повторно да одат во корист на истата екипа

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го критикуваше судењето...

🎬Општ хаос во Белградска арена – тепачка меѓу Гробари, Делии и полицијата!

Во Белградска арена вечерва се игра големото кошаркарско дерби,...