Чурлиновска (20) се пензионираше: Верував дека трудот, чесноста и посветеноста на крајот ќе бидат препознаени

Македонска ракометна репрезентативка, Матеа Чурлиновска (20) денеска преку социјалните медиуми соопшти дека става крај на кариерата. Голманката има активен договор со Атлетик до 2029 година

Прегледи:

Датум:

Македонска ракометна репрезентативка, Матеа Чурлиновска (20) денеска преку социјалните медиуми соопшти дека става крај на кариерата. Голманката има активен договор со Атлетик до 2029 година.

Таа вели дека никогаш не барала ништо повеќе од фер шанса.

„Верував дека трудот, чесноста и посветеноста на крајот ќе бидат препознаени. За жал, животот ме научи дека не секогаш е така. Имаше моменти кога беше тешко. Кога повеќе болеше неправдата отколку секој тренинг. Кога сфаќаш дека понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата“, порача таа.

Чурлиновска беше дел од сите категории на женската репрезентација на Македонија. Во своите витрини го има златниот медал од ЕХФ шампионатот за кадетки во Литванија во 2021 година, играше на кадетското и младинското светско во Македонија, а беше дел и од сениорската репрезентација на ЕП 2022 и ЕП 2024.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...