Фадуил го засилува Вардар 1961

Михајло Михајловски, актуелен претседател на РК Вардар, на денешната прес-конференција каде објави за договор со нов спонзор на клубот, изјави дека францускиот интернационалец, Матео Фадуил е најновото и воедно и последно засилување за клубот за следната натпреварувачка сезона.

Прегледи:

Датум:

„Утрово беше потпишан договорот со Матео Фадуил, кој е нашето последно засилување. Имаме слух и знаење да бираме играчи кои сакаат да се докажуваат, а не само да земаат пари. Со четирите нови играчи, Вардар ќе биде барем 40 отсто посилен следната сезона. Тоа е и мислењето на нашиот тренер Иван Чупиќ,“ изјави Михајловски.

Фадуил (23) игра на позицијата среден бек, а целата досегашна кариера ја мина во Франција. Беше дел од Нант, каде што настапуваше во периодот од 2019 до 2021 година, а во моментов ги брани боите на Трембле.

Тој беше дел и од подготовките на сениорската репрезентација на Франција пред Европското првенство во 2026 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...