Ракометарите на Охрид, актуелните шампиони во Купот на ЕХФ, успешно ја започнаа одбраната на титулата.
Екипата на Борис Ројевиќ убедливо го победи турскиот Спор Тото со 36:24 во првиот од двата натпревари од второто коло што ќе се играат во салата „Билјанини Извори“.
Домашниот тим рутински ја заврши работата во првите 60 минути од двомечот со Турците. Гостите се држеа до 27:20 во 49-тата минута, кога следеше силниот финиш на домашните.
Најефикасен беше унгарскиот десен бек Доминик Мате со десет гола, додека Дарко Ѓукиќ додаде шест. Хрватскиот голман Дино Славиќ имаше своја вечер со 15 одбрани.


