Сухолежник, Цехте и Борозан нови ракометари на РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид официјално ги промовираше Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан за нови играчи на клубот

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Алкалоид официјално ги промовираше Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан за нови играчи на клубот.

Матиц Сухолежник е 31 годишен пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб.

Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер.

Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32) е добро познат ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија. Висок е 203 сантиметри и одлично ја познава македонската Суперлига, стои во соопштението на клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Дончиќ закупи цела страна во весник, им вети на навивачите на Лејкерс дека ќе се борат за титулата

Лука Дончиќ закупи цела страница во „Лос Анџелес Тајмс“...

🎬 Баерн и Арсенал ги поделија бодовите во дербито во Минхен, прекината победничката серија на „топџиите“ 

Баерн Минхен и Арсенал ремизираа 2-2 во возбудлив натпревар...

Милан ја поддржа одлуката за бојкот на навивачите

Милан ја поддржа одлуката на навивачите да го бојкотираат...

Роналдо испрати порака до Кварацхелија: Најдоброто допрва доаѓа

Повредата на Хвича Кварацхелија против Барселона нанесе тежок удар...