Тројца ракометари си заминуваат од РК Алкалоид

РК Алкалоид следната сезона нема да смета на услугите на тројца ракометари кои досега настапуваа во првиот тим

Прегледи:

Датум:

РК Алкалоид следната сезона нема да смета на услугите на тројца ракометари кои досега настапуваа во првиот тим.

Никола Маркоски, Мартин Ивановски и Кристијан Симоноски денеска официјално се збогуваа од Алкалоид — од следната сезона тие нема да бидат дел од првиот тим во Автокоманда.

Пред натпреварот со РК Бутел Скопје, клубот им врачи благодарници и тие имаа емотивно збогување со домашната публика и со своите соиграчи.

„Тројцата оставија трага и свое место во историјата на клубот, како дел од генерацијата што му ги донесе први трофеи во македонската Суперлига и првиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп. РК Алкалоид им се заблагодарува за досегашната соработка и им посакува многу успех во понатамошните кариери“, стои во известувањето на клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Дончиќ закупи цела страна во весник, им вети на навивачите на Лејкерс дека ќе се борат за титулата

Лука Дончиќ закупи цела страница во „Лос Анџелес Тајмс“...

🎬 Баерн и Арсенал ги поделија бодовите во дербито во Минхен, прекината победничката серија на „топџиите“ 

Баерн Минхен и Арсенал ремизираа 2-2 во возбудлив натпревар...

Милан ја поддржа одлуката за бојкот на навивачите

Милан ја поддржа одлуката на навивачите да го бојкотираат...

Роналдо испрати порака до Кварацхелија: Најдоброто допрва доаѓа

Повредата на Хвича Кварацхелија против Барселона нанесе тежок удар...