Вардар обезбеди место меѓу најдобрите 16 во Европската лига по триумфот над Бенфика

Ракометниот клуб Вардар 1961 на домашен терен во Скопје оствари голем триумф над Бенфика со 33:27 во дуел од Европската лига на ЕХФ.

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар 1961 на домашен терен во Скопје оствари голем триумф над Бенфика со 33:27 во дуел од Европската лига на ЕХФ.

Со победата, „црвено-црните“ обезбедија место меѓу најдобрите 16 во ова натпреварување и сигурно второ место во групата поради подобра гол разлика. Македонскиот тим одигра одличен натпревар и на крајот заслужено дојде до победата.

Малус постигна девет погодоци, додека со осум го следеше Воркапиќ.

Следниот вторник на гости кај Мелсунген, македонскиот тим ќе игра за првото место во групата, кое ќе му донесе директен пласман во четвртфиналето на второто по квалитет европско ракометно натпреварување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...