Ѓоковиќ откри зошто сè уште игра тенис

Иако оваа година полни 39 години, Новак Ѓоковиќ продолжува да постигнува успеси на тениските терени

Прегледи:

Датум:

Иако оваа година полни 39 години, Новак Ѓоковиќ продолжува да постигнува успеси на тениските терени. Српскиот тенисер најверојатно ќе се натпреварува во Мадрид за неколку недели на новиот Мастерс како подготовка за Ролан Гарос во Париз на крајот на мај.

Како Новак Ѓоковиќ сè уште успева да одржи толку високо ниво, откри во обемно интервју за австралискиот Esquire, во кое изјави дека е свесен дека е само човек и може да прави грешки.

– Барам рамнотежа во овој холистички пристап и прифаќам дека сум само човек. Правам грешки, имам слабости и тоа е во ред. За да бидете силни, храбри и успешни, мора да си дозволите да бидете ранливи, порача тој.

Нагласува дека златниот медал за Србија на Олимписките игри без сомнение бил еден од најголемите успеси во неговата кариера и дека го носи со посебна гордост.

– Победата во Париз, на 37 години, претставувајќи ја Србија, е без сомнение еден од најголемите моменти во мојата кариера. Олимпиското злато беше животна цел. Додека ја слушав националната химна со златниот медал околу вратот, тоа беше чувство што остана таму засекогаш, не само во моето сеќавање, туку и во целото тело, истакна Србинот.

Многу луѓе се прашуваат од каде доаѓа неговата мотивација да продолжи да игра тенис. Новак сето тоа го кажа во неколку реченици.

– Не се чувствувам како да сум завршил со тенисот. Мојата мотивација доаѓа од љубовта кон играта, натпреварувањето и предизвикувањето себеси. Кога сум на теренот, не сум мотивиран само да победувам, туку и да дадам пример, да покажам вредности како што се посветеност, упорност, љубов кон она што го правам. Мојата мотивација е моќна и многу лична, порача еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...