Италијанска тенисерка поразена во Индијан Велс, откри дека ѝ се заканувале со пиштол за да изгуби

Италијанската тенисерка Лукреција Стефанини беше поразена во квалификациите за Индијан Велс и откри дека ѝ се заканувале со пиштол пред натпреварот.

Прегледи:

Датум:

Италијанската тенисерка Лукреција Стефанини беше поразена во квалификациите за Индијан Велс и откри дека ѝ се заканувале со пиштол пред натпреварот.

Стефанини (27), рангирана на 138-то место во светот, играше против Викторија Хименез Касинцева во првото коло од квалификациите за Индијан Велс кога добила заканувачка порака на WhatsApp пред натпреварот.

Непознато лице ѝ се заканило нејзе и на нејзиното семејство и ѝ испратило фотографија од пиштол, барајќи од неа да го изгуби натпреварот.

Стефанини го доби првиот сет со 6-4, а потоа ги загуби следните два со 6-4, 6-4 и беше елиминирана од квалификациите.

„Околу еден час по полноќ, добив порака на WhatsApp. Во неа ми се заканија дека не смеам да победам, ги споменаа моите родители и местото каде што сум родена, а ми испратија и слика од пиштол. Сè пријавив во WTA, тие ми организираа возење со автомобил со придружба за да се чувствувам безбедно. Што се однесува до натпреварот, се борев до последниот момент. Ги пријавив пораките во полиција“, рече Стефанини.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...