Ивановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако денеска на мечот од првото коло на ИТФ турнирот М25 Олерсбах го победи Александер Чајка од Русија со 2-1 во сетови (6-7(7) 6-2 и 6-4) за 2 часа и 45 минути игра. Ивановски има 14 победи во 15 одиграни мечеви во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако денеска на мечот од првото коло на ИТФ турнирот М25 Олерсбах го победи Александер Чајка од Русија со 2-1 во сетови (6-7(7) 6-2 и 6-4) за 2 часа и 45 минути игра. Ивановски има 14 победи во 15 одиграни мечеви во 2026 година.

Македонскиот тенисер стартуваше одлично во мечот и по еден брејк имаше водство од 3:0 во гемови, но ривалот успеа да направи пресврт и со два брејка поведе со 4:3. Сепак Ивановски веднаш направи нов брејк и изедначи на 4:4. Немаше нов брејк и сетот беше решен во тајбрејк, а и покрај водството Ивановски не реализираше неколку сет топки и Чајка поведе со 1-0 во сетови.

Тоа не влијаеше на играта на Ивановски, кој направи два брејка во вториот сет (трети и седми гем) и сетот го доби со 6:2 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Чајка поведе со 2:0 во гемови, но Ивановски имаше нов брејк и стигна да изедначување од 2:2. Во деветтиот гем следуваше нов брејк за македонскиот тенисер, кој поведе со 5:4, а потоа на свој сервис беше успешен и сетот го заврши со 6.4 во гемови.

Во следното коло (утре) Ивановски ќе игра против Бор Артнак од Словенија, кој е рангиран како осми носител и денеска постигна победа од 2-0 во сетови против квалификантот Патрик Хомола од Чешка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...