Украинката Марта Костјук се повлече во второто коло од ВТА турнирот во Нингбо против Екатерина Александрова, оставајќи ја без шанса да се квалификува за завршниот ВТА турнир во Индијан Велс.
Костјук се повлече поради повреда откако го загуби првиот сет со 6:4. Ова математички ја остави без шанса да биде меѓу осумте најдобри тенисерки на годината.
Елена Рибакина, Арина Сабаленка, Мира Андреева, Џесика Пегула, Коко Гоф, Елина Свитолина, Каролина Мухова и Линда Носкова ќе играат во завршниот ВТА турнир.
Костјук ќе биде првата од двете алтернативи, доколку една од осумте учеснички се повреди.
Другата алтернатива е Американката Ива Јовиќ.
Потсетуваме, Ига Швјонтек претходно потврди дека ја завршила сезоната.
Финалниот ВТА турнир во Индијан Велс е закажан од 7 до 14 ноември.


