Македонија со подмладен состав на БЏК купот, Ѓорческа откажала поради повреда

Женската тениска репрезентација на Македонија отпатува за Бања Лука каде од 6 до 11.април ќе настапува во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот

Прегледи:

Датум:

Женската тениска репрезентација на Македонија отпатува за Бања Лука каде од 6 до 11.април ќе настапува во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Оваа година во оваа зона се десет репрезентации, но системот на натпреварување е променет.

– Годинашново издание е со десет репрезентации (7 од Европа, 3 од Африка). Ние ќе настапиме со подмладен состав. Ќе настапиме со: Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска. Мечевите треба да се играат на отворено и на земјена подлога. Имавме добри подготовки, а девојките добро тренираа и пред сè имаме добра атмосфера. Ние сме најмлада репрезентации и во секој меч противничките ќе бидат фаворитки, но ќе се бориме и ќе се обидеме да направиме изненадување, изјави селекторот Кристијан Вангелов, кој ќе дебитира на оваа функција.

За отсуството на Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска, кои неколку години го предводеа нашиот тим селекторот Вангелов истакна:

– Ѓорческа и Стоилковска изминативе 5-6 години, па и 10 години беа тие што ја предводеа репрезентацијата. Ѓорческа беше пријавена за настап, но за жал поради повреда мораше да направи промена во календарот на настапи и реши да не настапи за репрезентацијата, додека Стоилковска не настапува и веста е убава, но таа ќе ја сподели во следниот период.

Десетте репрезентации се поделени во две групи по пет, се игра секој со секого, а потоа двете првопласирани селекции од групите ќе вкрстат (А1-Б2 и Б1-А2), а победничките од тие полуфинални мечеви ќе се изборат за промоција и влез во Првата Евро-африканска зона. Мечеви за пласман (опстанок) ќе играат (А3-Б4 и Б3-А4), репрезентациите кои ќе победат ќе изборат опстанок, додека петтопласираните од групите ќе играат меч за пласман. Мечевите од групите ќе се играат од понеделник до петок, а тие за пласман во сабота.

Составот на групите ќе биде познат во недела кога ќе се изврши извлекувањето. Од Европа учеснички се репрезентациите на: Австрија, Бугарија, Кипар, Финска, Грција, Македонија, Норвешка и Босна и Херцеговина (домаќин), а од Африка учеснички се: Египет, Мароко и Јужна Африка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...