Александар Зверев, првиот носител на УС Опен, по речиси пет часа некако успеа да го скрши отпорот на Лоренцо Сонега со 3:2 (6:4, 3:6, 6:7, 7:5, 6:4) и да се пласира во второто коло. Не беше најдолгиот натпревар во историјата на Отвореното првенство на САД, но е еден од петте најдолги што Зверев ги одиграл во својата кариера.
„Само сум среќен што победив. Неверојатна борба, многу подеми и падови, еден од најтешките натпревари во мојот живот. Играв против одличен тенисер. Најважно е што ја добив оваа борба, можеби ми беше потребен овој натпревар бидејќи не играв добро цело време. Понекогаш работите се отвораат на турнир кога ќе победите во ваков дуел“, рече Германецот, кој не блескаше на претходните турнири. Во Монтреал загуби веднаш, а во Синсинати во осминафиналето.
Првите два сета беа решени со по еден брејк на секоја страна, Италијанецот го доби третиот во тај-брејк (9:7) иако Зверев имаше 7:6 и сервис. Два брејка го одржаа Зверев во мечот во четвртиот сет, а во петтиот „број еден“ на турнирот направи брејк во петтиот гем и конечно славеше.
Зверев оди кај Французинот Алис во второто коло.


