Шпанскиот тенисер Рафаел Ходар се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако го победи 24-тиот светски рекет Каспер Руд од Норвешка по три сета, 4:6, 6:4, 6:3.
Во натпревар полн со брејкови, брејк-поени и пресврти, младиот Шпанец успеа да го пронајде патот до победата и да влезе во историјата на турнирот, откако стана најмладиот полуфиналист во историјата на Мастерсот во Шангај.
Играчите добиваа гемови на своите сервиси во првиот сет до последниот 10-ти кога Руд направи брејк и поведе во натпреварот.
Шпанскиот тенисер играше подобро потоа, во следните два сета направи пет брејка на сервисот на Руд, кој пак имаше два во тој период, а по четвртата меч-топка, Шпанецот обезбеди место во полуфиналето.
Негов противник ќе биде победникот од дуелот помеѓу рускиот тенисер Даниил Медведев и Американецот Томи Пол.


