Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека сака последните трки од сезоната 2026 во Катар и Абу Даби да се одржат според планот, но призна дека ова е далеку од сигурно.
И само неколку дена пред почетокот на Монца, шефот на Ферари, Фредерик Васер, изврши притисок врз Доменикали велејќи дека Скудерија и другите тимови во светското првенство треба што поскоро да донесат одлука за судбината на двете трки.
Мотивот на Французинот е дека ако овие две трки бидат откажани, тимовите ќе можат да го користат буџетот за извршување на други задачи.
„Со ограничувањето на буџетот, ситуацијата е многу покомплицирана, бидејќи за последните две трки во Бахреин и Абу Даби, тимовите имаат огромни трошоци“, објасни Васер.
„Ако не патуваме, можно е да ги искористиме тие пари за нешто друго. На пример, за развој на автомобили, тоа важи за сите тимови. Во одреден момент, некој едноставно мора да донесе одлука. Во септември, тимовите мора да знаат дали ќе испраќаат опрема на Блискиот Исток, одлука во септември би била добра за сите.“, додаде тој.


