Во сообраќајна несреќа загина тренер од младинската школа на Ангели

Беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, потоа и Водно Санс и Ангели, а неговата посветеност кон младите кошаркари ќе остане запаметена во македонската кошаркарска заедница, сподлија од КФСМ

Прегледи:

Датум:

Тренерот во младинската школа на Ангели, Антонио Савески (33), загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.

Беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, потоа и Водно Санс и Ангели, а неговата посветеност кон младите кошаркари ќе остане запаметена во македонската кошаркарска заедница, сподлија од КФСМ.

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на Антонио Савевски, кој на само 33 години го напушти светот на кошарката и оние со кои го споделуваше својот живот и љубовта кон спортот. Својот професионален пат го посвети на кошарката, особено на развојот и работата со младите категории. Неговото заминување е голема загуба за семејството, пријателите, колегите и целата македонска кошаркарска фамилија“, додаваат од Федерацијата.

На социјалните мрежи се огласија и од неговиот тим Ангели:

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...