Маркез не дозволи изненадување и освои уште една победа на ГН на Германија

Шампионот Марк Маркез не дозволи изненадување и освои уште една победа на Големата награда на Германија, негова 13-та вкупно на патеката „Заксенринг“ и десетта во МотоГП

Прегледи:

Датум:

Шампионот Марк Маркез не дозволи изненадување и освои уште една победа на Големата награда на Германија, негова 13-та вкупно на патеката „Заксенринг“ и десетта во МотоГП.

Светскиот шампион имаше одличен старт од пол-позицијата и, како и во вчерашниот спринт, водеше во секој метар од тркачката дистанца на својата омилена патека. Втор зад него беше Аи Огура од тимот на Тракхаус Априлија, кој ја помина целта 1,996 секунди зад победникот.

Јапонскиот возач ги направи своите типични силни последни кругови, во кои успеа да го престигне својот тимски колега Раул Фернандез во борбата за второто место. Самиот Фернандез заврши трет, што го формираше вториот последователен двоен подиум за тимот на Тракхаус Априлија по двојната победа во Холандија пред две недели.

Педро Акоста заврши на четврта позиција пред Хорхе Мартин и Франческо Бањаја, кои се бореа за петтото место до самиот крај. На крајот, трката му припадна на Мартинаторот, кој заврши со 0,123 водство пред Бањаја.

Зад нив, Фабио Куартараро, Лука Марини, Енеа Бастијанини и Бред Биндер ги формираа првите 10 на трката за Големата награда на Германија. Диого Мореира, Џек Милер, Франко Морбидели, Алекс Ринс и Топрак Разгатлиоглу исто така освоија поени на трката во „Заксенринг“.

Во генералниот пласман на средината од сезоната, Мартин е лидер со вкупно 208 поени, 14 пред Огура, додека третото место, со 18 поени помалку, го формира актуелниот шампион Марк Маркез.

Сега, возачите на Мото ГП имаат едномесечна летна пауза, а исклучително возбудливата битка за титулата ќе продолжи помеѓу 7 и 9 август со Големата награда на Велика Британија во „Силверстоун“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...