Мерцедес со прв пакет подобрувања во Канада

Тимот на Мерцедес, лидер во Формула 1 по првите четири викенди, официјално потврди дека ќе го искористи својот прв сериозен пакет подобрувања на претстојното Гран При на Канада

Прегледи:

Датум:

Тимот на Мерцедес, лидер во Формула 1 по првите четири викенди, официјално потврди дека ќе го искористи својот прв сериозен пакет подобрувања на претстојното Гран При на Канада.

Мерцедес ја започна сезоната со четири победи во четири трки – Џорџ Расел славеше во Австралија, а потоа Андреа Кими Антонели оствари три последователни победи, последната во Мајами.

Но, токму во Соединетите Американски Држави, светскиот шампион кај конструкторите, Мекларен, покажа дека со првите големи промени во својот болид може да се бори со Мерцедес, па дури и да ја намали разликата во поени.

„Нашите ривали направија чекор напред во Мајами и ние мора да одговориме“, рече шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Со седум трки за 10 недели пред летната пауза, ова е можност да го направиме тоа и да добиеме моментум. Ќе го искористиме нашиот прв пакет промени во Монтреал, но сме свесни дека перформансите се важни само кога можат да се испорачаат на патеката. Веќе е средината на мај, но досега поминаа само четири трки. Нè очекува долга година и важен викенд, но тоа нема да го одреди исходот од кампањата.“, изјави Германецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...