Обрадовиќ пред враќање во Панатинаикос

Жељко Обрадовиќ е голема желба на сопственикот на Панатинаикос, Димиртис Јанакопулос, пишува грчкиот „Тоталбаскет“, наговестувајќи враќање на најтрофејниот тренер во Евролигата на клупата на „зелените“ од Атина

Прегледи:

Датум:

Жељко Обрадовиќ е голема желба на сопственикот на Панатинаикос, Димиртис Јанакопулос, пишува грчкиот „Тоталбаскет“, наговестувајќи враќање на најтрофејниот тренер во Евролигата на клупата на „зелените“ од Атина.

„Панатинаикос повторно размислува за враќање на човекот кој ја промени историјата на клубот! Жељко Обрадовиќ се појави како главна желба на сопственикот на клубот за новата ера на Панатинаикос, додека иднината на Ергин Атаман е под голем знак прашалник по разочарувачката сезона“, објавува „Тоталбаскет“.

Откако го напушти Партизан, Обрадовиќ постојано се поврзува во грчките медиуми со враќање на клупата на Панатинаикос по 14 години.

Веројатно нема навивач на „зелените“ кој не сонува повторно да го види на клупата, каде што освои 23 трофеи од 1999 до 2012 година: пет Евролиги, 11 грчки првенства и седум грчки Купови.

По неуспехот во плејофот на Евролигата, Ергин Атаман е на излезна врата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...