Пјастри најбрз на втората тренинг сесија за Големата награда на Австралија

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, беше најбрз на втората слободна тренинг сесија пред Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона во Формула 1

Прегледи:

Датум:

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, беше најбрз на втората слободна тренинг сесија пред Големата награда на Австралија, со која започнува новата сезона во Формула 1. Пјастри го постави најбрзиот круг на патеката „Алберт Парк“ во неговиот роден Мелбурн со време од 1:19.729 минути.

Четирикратниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше шести најбрз на втората тренинг сесија, но излета од патеката во последниот круг од тренингот, оштетувајќи го својот автомобил. Претходно, беше одржана првата слободна тренинг сесија, на која возачите на Ферари, Леклер и Хамилтон, беа најбрзи.

Квалификациите за новата, 77-ма сезона во Формула 1 се закажани за сабота во 6 часот наутро, а Големата награда на Австралија во Мелбурн ќе се одржи во недела во 5 часот наутро.

Резултати од вториот слободен тренинг пред Големата награда на Австралија во Формула 1:

Оскар Пјастри (Мекларен) 1:19.729
Кими Антонели (Мерцедес), +0.214
Џорџ Расел (Мерцедес), +0.320
Луис Хамилтон (Ферари), +0.321
Шарл Леклер (Ферари), +0.562…

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...