Верстапен: Имаме проблеми, нашиот автомобил е непредвидлив

Поранешниот светски шампион Макс Верстапен „заглави“ во вториот дел од квалификациите по втор пат оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Поранешниот светски шампион Макс Верстапен „заглави“ во вториот дел од квалификациите по втор пат оваа сезона. Возачот на Ред Бул остана 11-ти денес во „Сузука“, борејќи се до крајот, но Исак Хајар и Арвид Линдблад го исфрлија од топ 10 со нивните последни брзи кругови во вториот дел од квалификациите за Големата награда на Јапонија.

„Нашиот автомобил не врти во средината на кривините, а исто така имаме многу проблеми при влегувањето во кривините. Тоа прави сè многу тешко, нашиот автомобил е непредвидлив“, објасни Верстапен.

„Мислевме дека на третата тренинг сесија го ограничивме другиот проблем – недоволното вртење, кое сè уште е таму – но во квалификациите автомобилот повторно не можеше да се контролира, па тоа е нешто што треба да го разгледаме. Возам со различен аеро пакет овој викенд, но се чини дека не работи правилно. Имаме проблеми што не можам да ги објаснам овде“, порача Холанѓанецот.

„Знаеме што не е во ред, понекогаш едноставно имаме полоши перформанси и мислам дека во квалификациите стигнавме до точка каде што не можам да го управувам мојот болид“, загрижувачкји сподели Верстапен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...