Верстапен со сериозни критики за однесувањето на RB21 во Кина

Макс Верстапен ги пропушти квалификациите за утрешната спринт трка во Кина и ќе стартува само осми во кратката трка на патеката во Шангај

Прегледи:

Датум:

Макс Верстапен ги пропушти квалификациите за утрешната спринт трка во Кина и ќе стартува само осми во кратката трка на патеката во Шангај.

Четирикратниот светски шампион заврши 1,734 секунди зад победникот во квалификациите Џорџ Расел, по што сериозно се пожали на однесувањето на RB21. Главната причина за коментарот од Холанѓанецот беше недостатокот на тракцијата и брзината во кривините, што, според неговите зборови, води до други проблеми.

„Целиот ден беше катастрофа во однос на темпото. Без тракција. Честопати, мислам дека тоа беше најголемиот проблем. Без тракција, без рамнотежа, едноставно губиме многу време во кривините.

Тука почнуваат другите проблеми. Но, нашиот најголем проблем во моментов е вртењето. Во моментов немам поим што можеме да направиме, но ќе видиме, ќе видиме“, рече Верстапен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...