Алекс Переира влегува во Куќата на славните на UFC

Поранешниот шампион во две категории на UFC, Алекс Переира, ќе биде почестен на церемонијата за влегување во Куќата на славните на UFC во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Поранешниот шампион во две категории на UFC, Алекс Переира, ќе биде почестен на церемонијата за влегување во Куќата на славните на UFC во 2026 година. Бразилецот е избран да ја добие престижната награда „Форест Грифин“, која им оддава признание на борците за извонредна волонтерска и добротворна работа.

„Алекс е една од најголемите ѕвезди во светот и одлично е да се види како ја користи својата слава за да ѝ помогне на својата заедница преку поддршка на младите од Бразил“, рече претседателот на UFC, Дана Вајт.

„Со бесплатни програми по училиште, програми за компјутерска писменост и тренинг за џиу-џицу за над 500 деца, тој навистина помага во изградбата на подобра иднина. Чест е да му ја доделам оваа награда.“, додаде тој.

Како дел од почеста, Переира ќе добие донација од 25.000 долари од Фондацијата UFC за добротворна организација по негов избор.

Неговата главна активност надвор од спортот е преку Poatan Cares Foundation, основана во 2024 година. Организацијата има за цел да промовира социјални и спортски иницијативи, користејќи го спортот како алатка за позитивни промени во општеството.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...