Договорен реванш за „Борбата на векот“: Мејведер повторно ќе се соочи со Пакијао

Легендите на боксот, Мани Пакијао и Флојд Мејведер, повторно ќе се борат во реванш што ќе се одржи во септември оваа година

Прегледи:

Датум:

Легендите на боксот, Мани Пакијао и Флојд Мејведер, повторно ќе се борат во реванш што ќе се одржи во септември оваа година.

Борбата помеѓу 47-годишниот Пакијао и 48-годишниот Мејведер ќе се одржи во Лас Вегас, во салата „Сфера“ на 19 септември, со пренос во живо на Нетфликс, пишува Би-Би-Си.

Мејведер минатата недела објави дека се враќа од „пензија“ по четврти пат. Тоа ќе биде првата професионална борба на Американецот од 2017 година, кога го победи Конор Мекгрегор со технички нокаут во десеттата рунда.

Од друга страна, Филипинецот Пакијао се повлече од спортот во 2021 година за да се посвети на својата политичка кариера, но се врати на рингот минатиот јули. Тој се бореше против шампионот на WBC во полусредна категорија, Марио Бариос, кој ја задржа титулата откако мечот заврши нерешено.

Потсетуваме, ова дуо се бореше за прв пат во 2015 година, а тој меч амбициозно беше наречен „Борба на векот“. Мејведер тогаш победи во Лас Вегас со убедлива едногласна одлука.

Мејведер има 50 победи и ниту еден пораз во кариерата, додека Пакијао има 62 победи, осум порази и три нерешени резултати.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...