Переира проговори за пензионирање: Се плашам да се вратам во кафезот по борбата со Сирил Ган

Бразилецот тврди дека добил неколку недозволени удари во задниот дел од главата за време на поразот од Французинот во UFC White House – Freedom 250

Прегледи:

Датум:

Поранешниот шампион на УФЦ во средна и полутешка категорија, Алекс Переира, призна дека не е сигурен дали ќе се врати на активно натпреварување по неколкуте недозволени удари во задниот дел од главата, за кои рече дека ги добил во борбата против Французинот Сирил Ган.

Двајцата се соочија на 15 јуни на гала вечерта UFC White House – Freedom 250, а борбата беше еден од главните настани на вечерта. Мечот заврши со победа на Ган со технички нокаут во втората рунда. Така, Французинот ја освои привремената титула во тешка категорија на UFC.

„Искрено, по она што се случи во кафезот, веќе се плашам да се вратам на борбите. Мислам дека веќе го направив она што морав“, напиша Переира на својот профил на социјалната мрежа X.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Херн потврди: Пакијао би можел да учествува во шоуто Фјури-Џошуа

Британскиот промотор Еди Херн, еден од организаторите на планираната...

🎥 Покоњоли: Ни треба добар настап против Македонија, резултатот е важен за сите

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли пред дуелот со Македонија...

Саду Нтанзи потпиша на една година со Еурофарм Пелистер

Нов член на Еурофарм Пелистер е Саду Нтанзи, соопштија...

Добри вести за Флик, Рафиња не е повреден

Добри вести за Барселона и Ханси Флик – Рафиња...