Женски ММА спектакл на векот – Ронда Раузи против Џина Карано на 16 мај

Поранешната шампионка на UFC, Ронда Раузи, се враќа во мешаните боречки вештини за прв пат по речиси една деценија, а нејзина противничка ќе биде легендарната Џина Карано!

Прегледи:

Датум:

Поранешната шампионка на UFC, Ронда Раузи, се враќа во мешаните боречки вештини за прв пат по речиси една деценија, а нејзина противничка ќе биде легендарната Џина Карано!

Спектакуларната борба е закажана за 16 мај во Intuit Dome во Инглвуд, Калифорнија, и ќе се емитува во живо на Netflix.

Ова ќе биде враќањето на Раузи по речиси една деценија, додека Карано ќе ставиу крај на 17-годишната пауза од ММА борбите.

Оваа борба ветува дека ќе биде историски момент во женскиот ММА – пет рунди од по пет минути, во категоријата до 65 килограми, во хексагонален кафез, според правилата на ММА.

Раузи (12-2) е пионер на женскиот UFC и една од најдоминантните борци на нејзината генерација, додека Карано (7-1) е легендарна фигура, пионер на женскиот MMA, во кој влезе во 2006 година.

Раузи освои олимписки медал во џудо и доминираше во UFC од 2013 до 2015 година.

Таа победи во 11 од своите први 12 борби во првата рунда и сè уште го држи рекордот на UFC со шест последователни одбрани на титулата.

По поразот од Холи Холм во 2015 година и Аманда Нунес во 2016 година, таа се пензионираше од MMA и ја продолжи кариерата во WWE, каде што беше трикратна шампионка од 2018 до 2022 година.

Таа е исто така авторка на бестселери на New York Times и се обиде како актерка во франшизите „Fast & Furious“ и „The Expendables“.

Од друга страна, додека Карано се истакнуваше во промоцијата на Strikeforce од 2006 до 2009 година, таа подоцна се префрли на филм, појавувајќи се во хитови како Fast & Furious 6, Deadpool и The Mandalorian.

„Едвај чекам да се соочам со Џина во најголемата супер борба во историјата на женските борбени спортови!“, рече Раузи, додека Карано додаде: „Ова е сон што се оствари за мене и Ронда, и за сите фанови на ММА низ целиот свет. Борба што никој не сака да ја пропушти.“

Се очекува спектаклот да биде еден од најголемите настани во историјата на женскиот ММА и вистинско уживање за фанови низ целиот свет.

Раузи и Карано ќе мора да поминат низ обемни медицински и невролошки прегледи пред нивната борба на 16 мај, објави Енди Фостер од Калифорниската спортска комисија.

Раузи, која не се борела од 2016 година, и Карано, којa последен пат се борелa во 2009 година, ќе мора да се подложат на тестови за потрес на мозокот, магнетна резонанца и магнетна резонанца на мозокот, ЕКГ, кардиолошки и неврокогнитивни тестови, крвни тестови и офталмолошки преглед.

Фостер нагласи дека ако двајцата борци ги поминат сите тестови, „нема ништо спорно во оваа борба“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...