🎥📸Напаѓачот на Тореира сакал да го убие бидејќи бил опседнат со неговата девојка!?

Фудбалскиот свет го потресе веста од Истанбул каде поранешниот ас на Арсенал и Атлетико Мадрид, а сегашна ѕвезда на Галатасарај, Лукас Тореира, беше физички нападнат во трговски центар во населбата Бејоглу. Нападот се случи сред бел ден, а позадината на целата приказна наликува на трилер сценарио

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот свет го потресе веста од Истанбул каде поранешниот ас на Арсенал и Атлетико Мадрид, а сегашна ѕвезда на Галатасарај, Лукас Тореира, беше физички нападнат во трговски центар во населбата Бејоглу. Нападот се случи сред бел ден, а позадината на целата приказна наликува на трилер сценарио.

Според турските медиуми, Тореира шетал со пријатели кога му се приближиле навивачи. Во моментот кога учтиво позирал за фотографии, еден човек му се приближил и одеднаш силно го удрил по главата.

– Еден човек ми се приближи и рече дека сака слика. После тоа, видов друг како се приближува и помислив дека сака истото. Кога се приближи, одеднаш ме удри по левата страна од главата. Не разбрав што се случува – изјавил Тореира во полицијата, додавајќи дека по инцидентот имал главоболка и дека морал да побара медицинска помош.

Напаѓачот е идентификуван како Бурак Доан, а мотивот за нападот е болна љубомора. Доан долго време бил опседнат со девојката на Тореира, популарната турска актерка и модел – Деврим Озкан.

View this post on Instagram

A post shared by Devrim Özkan (@devrimozkan)

– Откако видов слики од Деврим Озкан со Лукас Тореира пред една година, почнав да го мразам – признал напаѓачот во полицијата по апсењето.

Се покажа дека овој човек веќе имал забрана за приближување против актерката за вознемирување и дека претходно испраќал заканувачки пораки до фудбалерот преку социјалните мрежи.

Откако Тореира беше удрен, неговиот возач и еден пријател реагираа и се обидоа да го заштитат уругвајскиот фудбалер. Напаѓачот се обиде да избега со такси, но беше совладан. Снимките што се појавија во турските медиуми го покажуваат осомничениот како лежи на земја додека возачот на Тореира го клоца пред да пристигне полицијата. И напаѓачот и возачот се приведени на сослушување.

Кратко по инцидентот, агенцијата на Тореира, исто така, се огласи за да ги смири навивачите:

„Сакаме да ве увериме дека Лукас Тореира е добро. Инцидентот во Истанбул брзо беше ставен под контрола, а сторителот беше уапсен. За среќа, Лукас е надвор од животна опасност и им се заблагодарува на сите за нивните пораки за поддршка“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...