🎥Американските хокеари „пливаа“ во алкохол и потрошија 150.000 долари за прославата на олимпиското злато

Машката хокеарска репрезентација на САД го прослави златниот медал на Зимските олимписки игри со возбудлива забава во познат ноќен клуб во Мајами.

Прегледи:

Датум:

Машката хокеарска репрезентација на САД го прослави златниот медал на Зимските олимписки игри со возбудлива забава во познат ноќен клуб во Мајами.

Ѕвездата на тимот, Џек Хјуз, и неговите соиграчи славеа со стотици фанови во легендарниот клуб E11EVEN, само неколку часа по враќањето од Милано. Поради силната зимска бура, нивниот лет првично беше пренасочен од Њујорк кон Флорида, но заморот очигледно не ја спречи прославата.

Играчите наздравуваа со шампањ, ја пееја американската химна и им се обратија на собраните фанови од сцената. Атмосферата беше жешка, а прославата, според американските медиуми, резултираше со сметка од околу 150.000 долари. Во текот на вечерта, беа истурени големи количини вотка E11EVEN, шампањ Armand de Brignac и текила Dame Más.

Голманот Конор Хелебујк, херојот на финалето против Канада, кој направи 41 одбрана во победата од 2-1 по продолжението, доби посебни овации. Обраќајќи се кон публиката, тој им се заблагодари на соиграчите и навивачите, велејќи дека златото е освоено за целата земја.

Во еден момент, на екраните во клубот беше пуштен снимка од победничкиот гол на Џек Хјуз, што предизвика бурни реакции од присутните.

Интересно е што организацијата на прославата во голема мера помогнаа членовите на Флорида Пантерс, кои претходно го прославија освојувањето на Стенли Купот во истиот клуб. Поради огромниот интерес, списокот на гости беше затворен во утринските часови, додека стотици навивачи се собраа пред клубот со надеж дека ќе ги видат своите херои.

Сепак, прославата не траеше долго, бидејќи играчите веќе летаа за Вашингтон следниот ден наутро, каде што требаше да се сретнат со претседателот Доналд Трамп и да присуствуваат на прием во Белата куќа.

За потсетување, САД го освоија златниот медал победувајќи го најголемиот ривал Канада, а прославата што следеше покажа колку многу значеше овој триумф за играчите и навивачите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...