🎥Невидени сцени: Ди Канио од очај ја удри главата од маса во студио, а потоа прокрвари…

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Ди Канио стана вирален хит по неверојатен потег во студиото на италијански „Скај“.

Прегледи:

Датум:

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Ди Канио стана вирален хит по неверојатен потег во студиото на италијански „Скај“.

Ди Канио беше во студиото со водителка и легендарниот тренер Фабио Капело.

Во еден момент, тој се скара со водителката и, за да ѝ ја докаже својата фрустрација со потегот на еден играч, три пати силно ја удри главата по масата.

Ди Канио си го повреди челото и додека другите во шок гледаа што направил, Капело му притрча на помош и му даде марамче. Видеото се прошири како пожар на социјалните мрежи, а Ди Канио ги потсети сите на фудбалските денови кои беа обележани со контроверзии.

Италијанецот играше од 1985 до 2008 година, а се памети по неговите фашистички поздрави кон навивачите на Лацио, како и по соборувањето на судија додека играше за Шефилд Венздеј. Најголем белег остави во Англија каде, покрај Шефилд, играше и за Вест Хем и Чарлтон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...