Дилета Леота станa мајка: Доби син со поранешниот голман на Ливерпул, а потоа се пофали на мрежите

Познатата италијанска новинарка, Дилета Леота, вчера се пофали на социјалната мрежа Инстаграм дека станала мајка, и тоа со поранешниот голман на Ливерпул, а сега на Шалке, Лорис Кариус

Прегледи:

Датум:

Познатата италијанска новинарка, Дилета Леота, вчера се пофали на социјалната мрежа Инстаграм дека станала мајка, и тоа со поранешниот голман на Ливерпул, а сега на Шалке, Лорис Кариус.

Уште во декември, јавно стана познато дека Леота очекува дете со голманот, чија кариера тргна надолу по Ливерпул. Играше за Бешикташ, потоа за Њукасл, а сега заврши во редовите на Шалке.

Леота веќе има ќерка, Арија, па сега ќе има и брат, Леонардо, ако треба да му веруваме на описот од нејзината објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што Италијанката објави фотографија на која може да се види заедно со Кариус, ќерката и синот.

Дилета Леота и Лорис Кариус се во врска од октомври 2022 година, а својата врска ја објавија на новогодишната ноќ на преминот од 2022 во 2023 година.

Италијанската новинарка често беше во центарот на вниманието поради нејзиниот стил во етер, додека Кариус, од друга страна, е најпознат по кардиналните грешки што го чинеа Ливерпул трофејот од Лигата на шампионите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...