📷🎬 Инфлуенсерка ја шокира јавноста: „Познат кошаркар ми понуди 15 милиони долари за мојата невиност“

Прегледи:

Датум:

Светски познатата инфлуенсерка Софи Рејн повторно е во центарот на скандал откако изнесе шокантни тврдења за непристојна понуда што ја добила од НБА ѕвезда. Имено, оваа 23-годишна девојка, која тврди дека заработила над 100 милиони долари благодарение на креирање содржини на социјалните мрежи, откри дека неименуван кошаркар ѝ понудил неверојатни 15 милиони долари за да стане нејзин „прв љубовник“.

Софи објави видео на својот Инстаграм профил во кое ги сподели деталите за оваа понуда: „Дали би ми дозволила да ти ја земам невиноста ако ти дадам 15 милиони долари?“, беше прашањето што ѝ го поставил спортистот.

Атрактивната инфлуенсерка, која гордо истакнува дека е сè уште девица, веднаш ја одбила понудата, но одлучи да го чува идентитетот на кошаркарот во тајност. Во изјава за познатиот портал TMZ, Софи остана енигматична, но потврди дека тој е активен спортист.

– Не можам да кажам за кого станува збор. Можам само да потврдам дека е член на кошаркарски тим. Не сакам да ја уништам кариерата на никого. Едноставно реков „не“, дефинитивно нема да го направам тоа – рече таа, додавајќи дека по одбивањето, кошаркарот веднаш прекинал секаков контакт со неа.

Кога била обвинета дека лаже за да привлече внимание, Софи била категорична: „Ова се случи 100 проценти. Не лажам за ништо. Вакви работи ми се случиле и претходно, воопшто не е шокантно“.

Ова не е прв пат името Софи Рејн да се поврзува со светот на кошарката. Минатата година, на интернет кружеа гласини дека легендарниот Шекил О’Нил (54) бил во врска со неа, откако се појави видео од него како диџеј на нејзината роденденска забава. Фотографија од Софи како седи во скутот на Шекил стана вирална, но познатиот центар жестоко го негираше тоа.

Кога инфлуенсерот Ноа Глен Картер сподели видео од нивната наводна врска, Шакил одговори во свој стил.

– Не излегувам со девојки толку млади, но би можел да излегувам со твојата мајка и да ти направам брат. Бев диџеј на забава, таа само дојде. Престани да шириш гласини пред да те плеснам – напиша О’Нил.

Софи Рејн, која доаѓа од Флорида, нагласува дека е воспитана во христијански дух и дека нејзината вера е причината зошто се чува за брак.

Во интервју за списанието GQ, таа го објасни својот феномен:

– Мислам дека сум популарна токму затоа што никогаш не сум имала врска. Сè уште сум девица. Сакам да им покажам на луѓето дека може да се биде успешен во оваа индустрија без да се биде премногу сексуален. Се фотографирам во бикини, но тоа е тоа. Сакам да ги инспирирам другите да не се срамат од својата невиност. Може да бидете самоуверени, згодни и секси, а во исто време и резервирани – заклучи Софи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нереални суми – колку заработуваат судиите на Светското првенство?

Светското првенство не е само најголемата сцена за фудбалерите...

Бекам ќе добие ѕвезда на Холивудската патека на славните

Дејвид Бекам, поранешната легенда на Манчестер Јунајтед и сегашен...

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...