Перез: Ни треба добар тренер, Мурињо е многу добар

Флорентино Перез го очекува лето на големи одлуки. Ретко се случувало во неговата ера Реал Мадрид да не освои трофеј две сезони по ред, а оваа ситуација бара сериозна реакција. Првенствено во однос на новиот тренер, каде што сите го гледаат враќањето на Жозе Мурињо

Прегледи:

Датум:

Флорентино Перез го очекува лето на големи одлуки. Ретко се случувало во неговата ера Реал Мадрид да не освои трофеј две сезони по ред, а оваа ситуација бара сериозна реакција. Првенствено во однос на новиот тренер, каде што сите го гледаат враќањето на Жозе Мурињо.

Иако веста одекна како бомба и изгледаше како завршена работа, дури и по неколку недели ништо не е потпишано. А првиот човек на Реал остана енигматичен во однос на новиот тренер.

– Ни треба добар тренер. Бидејќи добар тренер ќе го натера нашиот тим да функционира, бидејќи ги имаме најдобрите играчи во светот. Мурињо? Тој е многу добар тренер – рече Перез.

Х/Принтскрин

Секако, кога станува збор за основачот на Галактикосите, секогаш се очекуваат големи засилувања.

– Луѓето знаат дека секогаш ги носам најдобрите играчи во Реал Мадрид, порача тој.

Долго време се зборува за потенцијалното заминување на Винисиус од Мадрид. Многу фанови се надеваат на тоа сценарио, а тоа изгледа сè пореално со оглед на тоа што неговиот договор истекува следното лето. Сепак, првиот човек на кралскиот клуб има спротивно мислење.

– Се надевам дека ќе потпише нов договор. Тој е еден од најдобрите во светот, истакна шефот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...