🎥Арсенал славеше во Лисабон со гол во 91-та минута!

Арсенал триумфираше над Спортинг во Лисабон со гол во 91-та минута во вториот четвртфинален натпревар вечерва во Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Арсенал триумфираше над Спортинг во Лисабон со гол во 91-та минута во вториот четвртфинален натпревар вечерва во Лигата на шампионите.

„Топџиите“ дефинитивно беа послабиот тим на теренот во првото полувреме, а голманот Давид Раја ги спаси од ран гол. Домаќините продолжија да вршат притисок, но така и не успеаја да постигнат гол, што тимот од Лондон го искористи со мудра и трпелива игра.

Во средината на второто полувреме, ВАР поништи гол на Мартин Субименди (65′), а во дополнителното време од натпреварот, Каи Хаверц го постигна единствениот регуларен гол на мечот.

Така, Арсенал си заминува по првиот дуел со многу сериозно психолошко водство и го очекува реваншот следната недела дома на „Емирати“ во Лондон.

Натпреварот е на 15 април (среда) во 21:00 часот по наше време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...