📽️ Лидс ја продлабочи кризата на Јунајтед, „петарда“ на Брајтон

Јунајтед ремизираше 1-1 на гостински терен против Лидс и нема победа во Премиер лигата пет кола

Прегледи:

Датум:

Јунајтед ремизираше 1-1 на гостински терен против Лидс и нема победа во Премиер лигата пет кола. „Црвените Ѓаволи“ водеа на полувреме со голот на Мбеумо во 35-тата минута, но Калверт-Луин го совлада Сен Ламенс на почетокот на вториот дел и израмни.

Потоа двата тима имаа свои шанси, но резултатот остана 1-1. Јунајтед е само на 13-то место, со само седум бода.

Брајтон, пак, продолжи со своите феноменални настапи, откако го порази Кристал Палас на „Амекс“ со 5-0.

Канвот го отвори резултатот со автогол во 3-тата минута, а во 7-мата минута Гомес постигна гол од половина терен за 2-0. Во 10-тата минута, Ајари го зголеми резултатот на 3-0, а потоа паднаа уште два гола во мрежата на Палас.

Костулас постигна гол во 49-тата минута, а Хиншелвуд во 84-тата минута. Брајтон ќе биде барем на 2-то место на табелата додека Арсенал не го заврши својот натпревар.

Борнмут од друга страна беше сигурен против Сандерленд со 2-0, со головите на Таверние и Еванилсон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пирова победа на Ливерпул: Без Собослај и Фримпонг во наредниот период

Ливерпул се врати од негатива и обезбеди важни три...

Хрговиќ бара реванш со Дубоа: Следниот пат ќе го уништам

Филип Хрговиќ побара втора борба со Даниел Дубоа откако...

Изненадување на УЕФА во борбата за претседателската функција во ФИФА: Бекам против Инфантино

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам би можел да стане...

🎥 Повреда или најголемото понижување на Леао во кариерата

Фудбалерите на Галатасарај славеа победа од 1-0 над Генчлербирлиги...