Мбапе е најдобар стрелец на Светските првенства, но Меси сè уште не играл финале

Килијан Мбапе веќе е најдобар стрелец на Светските првенства. Напаѓачот на Реал Мадрид постигна два гола во поразот на Франција од Англија со 6-4 во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Килијан Мбапе веќе е најдобар стрелец на Светските првенства. Напаѓачот на Реал Мадрид постигна два гола во поразот на Франција од Англија со 6-4 во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во 2026 година.

Мбапе сега има 22 гола на глобалните форуми, надминувајќи го Лионел Меси на врвот.

Аргентинецот има 21, но во финалето со Шпанија ќе може да додаде уште повеќе.

Тој веќе постигна два гола во финалето на Светското првенство, откако го стори тоа на Светското првенство во 2022 година во Катар против Франција.

Во истиот натпревар, Мбапе постигна „хет-трик“.

Дваесет и седум годишниот Французин го заврши Светското првенство во 2026 година со 10 гола и стана првиот играч што постигнал двоцифрен број голови на Светски првенства по Герд Милер на Светското првенство во 1970 година. Германецот, исто така, заврши со 10 гола.

Сега треба да видиме што ќе се случи во големото финале помеѓу Аргентина и Шпанија, кое се игра денес, 19 јули (недела) и ќе започне во 21:00 часот по наше време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...