Салах: Ова беше Божја волја, претпочитам да не зборувам за судењето

Египетската ѕвезда Мохамед Салах го изрази своето незадоволство од судењето на натпреварот против Аргентина (2:3) во осминафиналето на Светското првенство. „Фараоните“ водеа со 2:0, но дозволија пресврт во доцниот дел и го напуштија турнирот

Прегледи:

Датум:

Египетската ѕвезда Мохамед Салах го изрази своето незадоволство од судењето на натпреварот против Аргентина (2:3) во осминафиналето на Светското првенство. „Фараоните“ водеа со 2:0, но дозволија пресврт во доцниот дел и го напуштија турнирот.

„Пред се, ова беше Божја волја. Ова беше судбината на овој натпревар и неговиот резултат. Одигравме одлично прво полувреме и изгледавме добро поголемиот дел од второто. Направивме неколку мали грешки, а што се однесува до судењето, претпочитам да не коментирам. Сите видоа што се случи. Немам што повеќе да додадам“, рече Салах.

„Поништија гол, а исто така не ни досудија пенал. Веднаш потоа, противникот организираше контранапад и постигна гол. Селекторот ни честиташе за нашиот настап на турнирот. Тој сакаше да одиме понатаму, но ова е Божја волја. Ќе ја градиме иднината врз она што го постигнавме на овој турнир, и ако Бог го кажал тоа, нè очекува уште поуспешна иднина“, додаде тој.

„Игравме против актуелните светски шампиони и сфативме дека ќе имаме многу тежок натпревар. Се подготвивме многу добро за овој противник и тоа беше очигледно од првите минути од натпреварот. Но, на крајот, Бог нè предодреди за оваа судбина“, заклучи Салах.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...