🎥Сити го освои англискиот Лига Куп, Аризабалага им ја подари победата на „граѓаните“

Кепа Аризабалага, голманот на Арсенал, му го подари на Манчестер Сити трофејот од англискиот Лига Куп, откако „граѓаните“ ги совладаа „топџиите“ со 0:2 (0:0).

Прегледи:

Датум:

Кепа Аризабалага, голманот на Арсенал, му го подари на Манчестер Сити трофејот од англискиот Лига Куп, откако „граѓаните“ ги совладаа „топџиите“ со 0:2 (0:0).

Неверојатната грешка на Шпанецот во 60-тата минута, кога испушти лесна топка, а Нико О’Рајли со глава ја упати во мрежата за 0:1, беше пресвртница во финалето на „Вембли“.

Арсенал не се опорави од шокот, а на семафорот на Вембли беше 0:2. Повторно, центаршут од десно на Матеус Нуњес и повторно Нико О’Рајли со глава ја испрати топката покрај Кепа и го обезбедија деветтиот трофеј од Лига Купот на својот тим.

Арсенал не се опорави целосно од овој шок, губејќи го своето прво големо финале во сезоната.

Како што се очекуваше, дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити за трофејот беше тежок, со многу тактички задачи бидејќи се играше за трофејот, а не за публиката.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...