📷Роналдо ги отстрани сите сомнежи: „Јас припаѓам на Саудиска Арабија, сакам да продолжам тука“

Португалската суперѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ги отстрани сите сомнежи за својата иднина

Прегледи:

Датум:

Португалската суперѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ги отстрани сите сомнежи за својата иднина.

Имено, 41-годишниот офанзивен фудбалер изјави дека сака да остане во Саудиска Арабија.

Тој нагласи дека припаѓа на Саудиска Арабија и додаде дека сака да ја продолжи кариерата во оваа земја.

„Како што реков многу пати претходно, јас припаѓам на Саудиска Арабија. Тоа е земја која ме угости мене, моето семејство и моите пријатели. Многу сум среќен тука“, рече тој и додаде: „Мојата одлука е јасна, сакам да продолжам да играм тука“.

За потсетување, Роналдо пристигна во Ал-Наср во 2023 година од Манчестер Јунајтед и започна вистинска „инвазија“ на некои од најдобрите фудбалери што дојдоа во Саудиска Арабија.

Тој неодамна се врати во тимот по еден вид бојкот во последните неколку натпревари поради несогласувања со политиката за трансфери.

Во својата кариера постигна 962 гола и се приближува до магичната бројка од илјада.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...

Тенискиот свет во шок! Швјонтек нема да настапи на завршниот ВТА турнир!

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во...