📸 Трансфер бомба на Барселона – го купи Гордон од Њукасл за 80 милиони евра

Актуелниот шпански шампион, Барселона го комплетираше својот прв мега-трансфер и засилување за следната сезона. Имено, како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, англискиот фудбалер Ентони Гордон ќе биде новиот играч на Барселона

Прегледи:

Датум:

Актуелниот шпански шампион, Барселона го комплетираше својот прв мега-трансфер и засилување за следната сезона. Имено, како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, англискиот фудбалер Ентони Гордон ќе биде новиот играч на Барселона.

Поранешниот играч на Њукасл ќе се пресели во Шпанија за повеќе од 80 милиони евра и ќе потпише долгорочен договор со Каталонците.

Гордон постигна шест гола на 26 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Тој беше многу поуспешен во Лигата на шампионите, каде што постигна десет голови на 12 натпревари. Во тоа натпреварување, тој играше против Барселона три пати и постигна еден гол.

Шпанските медиуми објавуваат дека клучниот потег бил заминувањето на спортскиот директор на Барселона, Деко, во Англија, а челниците на клубот, како и тренерот Ханси Флик, се убедени дека Англичанецот ќе биде засилување со голем потенцијал за клубот.

Следно е нападот, а со Барселона се поврзуваат Хулијан Алварез и Жоао Педро.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...