Алегри шокира: „Губам волја, ќе престанам да тренирам“

Фудбалерите на Милан се вратија на второто место на табелата во италијанското првенство со победа од 3:2 дома против Торино во натпреварот од 30-то коло од Серија А.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Милан се вратија на второто место на табелата во италијанското првенство со победа од 3:2 дома против Торино во натпреварот од 30-то коло од Серија А.

Стрелци за Милан беа Павловиќ (36), Рабио (54) и Фофана (56), додека головите за Торино ги постигнаа Симеоне (44) и Влашиќ (83-пен.).

Масимилијано Алегри реагираше бурно кон крајот на натпреварот против Торино откако судијата, по проверката на ВАР, досуди пенал за гостите поради контакт помеѓу Страхиња Павловиќ и Џовани Симеоне. Одлуката предизвика голема нервоза на клупата на Милан.

Италијанскиот тренер не криеше колку одлуката на судијата го погодила.

„Тоа е жештината на моментот. Стареам и не сакам срцето да ми запре“, изјави Алегри за ДАЗН, размислувајќи за неговата бурна реакција на аут-линијата.

Во иста насока, тој додаде реченица што веднаш одекна: „Се обидов да останам смирен, но чувствувам дека ја губам волјата. Ќе престанам да тренирам.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...