Анчелоти го „прецрта“ Нејмар

Нејмар, најдобриот стрелец и асистент во историјата на бразилската репрезентација, нема да игра за „Селесао“ откако тренерот Карло Анчелоти нема да смета на 34-годишната „десетка“ за пријателските натпревари против Франција и Хрватска во САД

Прегледи:

Датум:

Нејмар, најдобриот стрелец и асистент во историјата на бразилската репрезентација, нема да игра за „Селесао“ откако тренерот Карло Анчелоти нема да смета на 34-годишната „десетка“ за пријателските натпревари против Франција и Хрватска во САД.

Натпреварот против популарните „триколори“ е закажан за 26 март во Бостон, додека Бразил ќе се соочи со „коцкастите“ шест дена подоцна во Орландо.

На списокот на познатиот италијански стручњак се наоѓаат следниве имиња:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Едерсон (Фенербахче).

Одбрана: Алекс Сандро (Фламенго), Бремер (Јувентус), Данило (Фламенго), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магалхаес (Арсенал), Ибанез (Ал-Ахли), Лео Переира (Фламенго), Маркињос (ПСЖ), Весли Франка (Рома).

Среден ред: Андреј Сантос (Челси), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Данило (Ботафого), Фабињо (Ал-Итихад), Габриел Сара (Галатасарај).

Напад: Ендрик (Олимпик Лион), Габриел Мартинели (Арсенал), Игор Тиаго (Брентфорд), Жоао Педро (Челси), Матеус Куња (Манчестер Јунајтед), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...