Анчелоти: Не верувам дека присуството на Нејмар би ја нарушило атмосферата во соблекувалната на Бразил

Карло Анчелоти се очекува наскоро да го објави конечниот список на составот на Бразил за Светското првенство, а целата јавност таму чека одговор на едно прашање - дали Нејмар ќе биде во него?

Прегледи:

Датум:

Карло Анчелоти се очекува наскоро да го објави конечниот список на составот на Бразил за Светското првенство, а целата јавност таму чека одговор на едно прашање – дали Нејмар ќе биде во него?

Најдобриот стрелец на сите времиња во историјата на Бразил е во незавидна ситуација пред Светското првенство, бидејќи во последните години е мачен од бројни повреди, додека неговото враќање во Сантош не ги донесе очекуваните перформанси.

Затоа, Анчелоти мора да најде рамнотежа помеѓу емоциите и вистинските физички способности на играчите додека го подготвува тимот за Светското првенство.

„Кога треба да донесете одлука, мора да земете предвид многу работи. Нејмар е важен играч за оваа земја поради талентот што отсекогаш го покажувал. Сепак, тој имал проблеми со повредите и сега работи напорно за да се врати во својата најдобра форма“, рече Анчелоти во интервју за „Ројтерс“.

Искусниот италијански стручњак истакна дека Нејмар неодамна покажал знаци на подобрување.

„Тој многу ја подобри својата физичка подготвеност во последните натпревари. Одигра неколку многу добри натпревари и сега може да одржува висок интензитет за време на натпреварот. Сепак, постојат различни видови натпревари и затоа мора внимателно да ги процениме сите предности и недостатоци“, додаде селекторот на Бразил.

Анчелоти нагласи дека никој не го притискал да го повика Нејмар и дека одлуката ќе биде чисто професионална.

„Немав притисок да го вклучам на списокот. Имам целосна автономија. Одлуката ќе биде 100% професионална и ќе се базира само на неговите настапи на теренот“, рече трофејниот тренер.

Италијанецот додаде дека е свесен колку Нејмар значи за неговите соиграчи и навивачи.

„Знам дека Нејмар е многу сакан, и меѓу навивачите и меѓу играчите. Тоа е исто така фактор што мора да го земеме предвид. Тој е исклучително почитуван во соблекувалната и не верувам дека неговото присуство би ја нарушило атмосферата на кој било начин“, рече Анчелоти.

Еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, исто така, нагласи дека сака национален тим кој може да игра модерен, фудбал со висок интензитет, со напаѓачи подготвени за постојан пресинг и напорна работа во двата правци.

„Невозможно е да се состави совршен тим, но можам да создадам тим со помалку грешки од другите. Сигурен сум во тоа“, заклучи Италијанецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...