Арбелоа: Јас сум мадридиста, а Мурињо е број 1

Жозе Мурињо е сè почеста тема во шпанските медиуми, кои се сигурни дека португалскиот стратег ќе го замени Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Жозе Мурињо е сè почеста тема во шпанските медиуми, кои се сигурни дека португалскиот стратег ќе го замени Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид. Мурињо беше тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, со него го освои шпанското првенство во сезоната 2011/12, а е одговорен и за трансферот на Лука Модриќ од Тотенхем во Мадрид. Модриќ играше за Реал до минатата година и си замина како најодликуван играч (28) во историјата на клубот.

Актуелниот тренер Алваро Арбелоа денес на прес-конференција зборуваше за можноста да го замени на клупата. Тој, исто така, го коментираше неодамнешниот испад на Килијан Мбапе во шпанските медиуми, нагласувајќи дека нивниот однос не е нарушен.

Јутјуб/Принтскрин/АС

„Навистина не го разбирам муабетот за неуправлива соблекувална. Не се согласувам со тоа. Кога клубот ќе донесе одлука, ќе ја објави кога ќе почувствува дека е вистинско време. Како мадридиста, чувствувам дека тој е број 1. Истото го кажав и во Лигата на шампионите. Тоа го мислев пред еден месец и ќе продолжам да размислувам така. Тој секогаш ќе биде „еден од нас“. Ако се врати, ќе бидам многу среќен што ќе го имам дома.“, кажа Арбелоа за „Специјалниот“

„Во однос на Мбапе, туку го видов и му реков да биде смирен. Можеби изгледа како вест, но она што го кажа е нешто за кое веќе ми зборуваше. Тоа е нормално. Знам како е да се игра секој ден, а исто така знам како е да не се игра. Го разбирам тоа. Знам дека не беше среќен и ми се допаѓа тоа. Не би разбрал ако Килијан не сакаше да игра.“, додаде шпанскиот тренер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...