Арбелоа за голот на Ѓулер: „Вреди да се плати билет само за да се види ова чудо“

Реал Мадрид ја продолжи својата нагорна траекторија во шпанската Ла Лига. Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ лесно го победи Елче со 4-1 и сега е само еден бод зад Барселона

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид ја продолжи својата нагорна траекторија во шпанската Ла Лига. Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ лесно го победи Елче со 4-1 и сега е само еден бод зад Барселона.

Тимот до убедлива победа го предводеше Валверде, играч способен да најде пат до мрежата од која било позиција. Тој имаше помош и од младиот Турчин, Арда Ѓулер, кој се истакна со спектакуларен гол од 60 метри.

Алваро Арбелоа беше видливо задоволен по натпреварот во Ла Лига виноќа, а за спектакуларниот гол на Арде Гулер рече:

„Ги видов сите како ги ставаат рацете на главите. Голот од 70 метри е неверојатен, вреди да се плати билет само за да се види ова чудо.“

Валверде исто така постигна гол, а Арбелоа имаше само пофалби за него.

„Тој се чувствува сè поудобно во шеснаесетникот. Вистинско задоволство е да се дели секојдневниот живот со него. Тој е одличен пример за тимот.“

Запрашан за реваншот на „Етихад“ во Лигата на шампионите притв Манчестер Сити, Арбелоа додаде:

„Нè очекува тежок натпревар. Имаме предност, но знаеме дека кога ќе почнат, тие газат сè пред себе. Мора да останеме фокусирани и да одиме на победа, во спротивно ќе ни биде многу тешко.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...